Градоначалникот на Охрид го распиша конкурсот за доделување на општинската награда – Патрон на градот ,,Св.Климент Охридски” за 2022 година

- Локални
301

По повод 8-ми Декември – „Св. Климент Охридски“-градоначалникот на Општина Охрид распишува Конкурс за доделување на општинската награда – Патрон на градот “Св.Климент Охридски” за 2022 година.

Наградата се доделува за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид  и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Македонија и светот.

Право на учество на Конкурсот  имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци.

Во пријавата треба да се достави кратка биографија и образложение за какви остварувања и придонес станува збор. Исто така, кон пријавата потребно е да се достави и најмалку една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа за која се конкурура.

Наградата ,,Патрон на градот “Св. Климент Охридски” се доделува на еден добитник само еднаш и истата не може да се дели меѓу повеќе добитници.

Конкурсот трае 15 дена сметано од денот на објавувањето.

Пријавите кои ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.

Пријавите да се достават на адреса: улица „Димитар Влахов“ бр. 57, за градоначалник на Општина Охрид (со назнака: За Конкурс, Општинска награда – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“).

 

Facebook Коментари