Градоначалникот на Вевчани донираше пумпа за дезинфекција во ЈЗУ др- Светозар Чочороски”

- Локални
1674

Трогнат од моментот гледајќи како екипата на итна помош се справува со вирусот Ковид 19, градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски,  одлучи да даде свој   допринос во истата битка. На “ЈЗУ др- Светозар Чочороски”, тој симболично им донираше батериска пумпа за дезинфекција за персоналот и возилата. За таа намена направија посебна просторија за дезинфицирање.

„Ги повикувам сите добронамерни бизнисмени и жители на Вевчани, секој во рамките на своите можности да донира на оваа здравствена установа која е на првата борбена линија со оваа пандемија! Одважете се и наместо да пишувате како и што треба да се прави – донирајте. Оваа екипа најдобро знае што треба и како тоа се прави. За какви средства консултирајте се со менаџментот на истата. Да го сочуваме јавното здравство!“ – порача Јанкоски.

Strugaonline

Facebook Коментари