Лев банер Десен банер

Граѓаните и бизнисите со позитивен одговор на акцијата за ослободување на јавните површини во Струга

На повикот на Општина Струга за ослободување на јавните површини, граѓаните и деловната заедница реагираат позитивно и со високо ниво на разбирање, со што даваат значаен придонес во уредувањето на градот.

Во рамки на акцијата, веќе е започнато отстранувањето на метални конструкции долж бреговите на Црн Дрим, со цел ослободување и уредување на просторот кој е од особено значење за јавноста.

Од локалната самоуправа потенцираат дека јавните површини претставуваат важен ресурс, не само за развојот на туризмот, туку и за подобрување на квалитетот на секојдневниот живот на граѓаните.

Во таа насока, надлежните упатуваат континуиран апел до сите граѓани и бизниси строго да ги почитуваат законските регулативи и прописите кои се однесуваат на користењето на јавните површини, со цел зачувување на урбаниот ред и заедничкиот простор.

StrugaOnline

error: