Хит комедијата ,,Секс, лаги и љубомора“ повторно пред охридската публика

- Локални
195
На барање на публиката, хит комедијата „Секс, лаги и љубомора“ од Марк Камолети, во режија на Коле Ангеловски, повторно на репертоарот на Народен театар Охрид, во деновите 7-ми март (четврток) и 8-ми март (петок) , со почеток во 20.00 часот.
Улогите ги толкуваат актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска, Билјана Билаловиќ-Вељаноска и Марија Новак.
Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта, за ведрата страна на животот, за малите искри во секој човек.
Од охридскиот Центар за култура напоменуваат дека  билетите се пуштаат на билетара во понеделник 04.03.2024 година, од 09.00 до 19.00 часот. Резервации за претставата не се примаат и се продаваат само на билетара по принцип прв дојден-прв услужен (една личност може да купи најмногу 6 билети) .
Strugaonline

Facebook Коментари