Нема повеќе гарантирани цени во маркетите, секое нелогично зголемување ќе биде санкционирано

- Македонија
384

Од денеска престанува да важи мерката за гарантирана цена на голем дел од прехранбените производи, безалкохолните пијалаци, а истекува и рокот на владината одлука со која беа намалени увозните давачки за зеленчукот.

Институциите најавија засилени контроли за да се интервенира во случај на драстично поскапување на производите, со оглед дека законот за нефер трговски практики, со кој се очекува да се амортизира состојбата, не е изгласан од пратениците.

Како што порача претходно вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, секое нелогично зголемување на производите, кое ќе биде надвор од пазарната логика, ќе биде санкционирано.

– Доколку не се донесе законот за нефер трговски практики, соодветно ќе реагираме. Секое нелогично зголемување на цените, кое ќе биде надвор од пазарната логика, ќе биде санкционирано, а што тоа ќе значи, знаеме од минатото, рече Битиќи.

Facebook Коментари