Театарската претстава „Бара“ во среда повторно пред охридската публика

- Локални
220
По премиерното издание на овогодинешниот Аматерскиот младински театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ и успешното претставување во Требиње, Босна и Херцеговина, младите волонтери–актери од театарската група на Црвен крст Охрид, предводени од авторите, со задоволство и голема возбуда Ве покануваат и Ве очекуваат на новото издание на театарската претстава „БАРА“, која ќе биде прикажана во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“, на 20.09.2023 г., среда, во 20 часот.
– Не пропуштајте ја оваа можност да го препознаете талентот и креативноста на младите актери–аматери, волонтери на Црвен крст Охрид, со што давате поддршка на работата на театарски надарените волонтери и поттик за младите да се приклучат, да ги стекнат и негуваат вештините на актерството. Во темата на претставата „БАРА“, подготвена од страна на неуморните Весна Терзиоска, Емилија Блажеска и Јованка Сион Доленц, ќе го препознаете секојдневието и реалноста на сите нас во „барата“ во која сите на различни начини опстојуваме.-велат од Црвен крст-Охрид.
Strugaonline

Facebook Коментари