Хуманитарен филмски викенд во Охрид

- Локални
601

Во организација на Клуб на млади на ОО Црвен крст -Охрид од 15-ти до 17-ти март ќе се одржи Хуманитарен филмски викенд.  Младите од охридскиот Црвен крст велат дека нивниот мотив за организирање на филмскиот хуманитарен викенд е да ја разбијат монотонијата во Охрид, да помогнат и да предизвикаат насмевка на социјално загрозено семејство како и да ја зголемат вашата листа на добри дела.


Филмскиот маратон ќе се одржи во Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” во амфитеатарот.

Ова е програмата:

Петок (15.03.2019) од 18:00 – To all the boys I’ve loved before
и од 19:45-A star is born

Сабота (16.03.2019) од 18:00-Bird Box

Недела (17.03.2019) од 17:00- Wonder
и од 19:10-Nerve

За секоја вечер, се плаќа по 100 денари. Што значи доколку сакате да ги гледате двата филма во истиот ден, плаќате само 100 денари, а истото важи и доколку гледате само еден филм во истата вечер.

Билетите ќе се продаваат на влез пред почетокот на проекциите.

Strugaonline

Facebook Коментари