Хуманитарна акција во Американско катче-Струга од денеска до 11-ти септември

- Локални
443

По повод одбележување на Американскиот национален ден на служба и сеќавање на жртвите и преживеаните, како и на сите оние кои несебично помагаа при нападот од 11-ти септември 2001 година, Американско катче Струга, со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, организира хуманитарно собирање на донации во вид на храна (конзервирана или храна што не се расипува), училишен прибор и средства за хигиена.

„Ги покануваме сите кои сакаат да помогнат да ги донесат донациите во просториите на Американско катче Струга, во стариот објект на основното училиште „Браќа Миладиновци“.
Примањето на донации ќе се врши од 1-ви до 11-ти септември, од 11:00 до 18:00 часот, а собраните донации ќе бидат предадени на Црвениот крст во Струга, за понатамошна распределба на семејства кои имаат потреба.“-информираат од Американско катче-Струга.

Во овие неизвесни времиња, да не заборавиме на оние помалку среќните. Да бидеме благодарни за она што го имаме, да бидеме хумани и да подадеме рака.

Strugaonline

Facebook Коментари