Во струшкото село Глобочица промовирано најновото издание на ,,Лице в лице“

- Локални
281

Во недопрената убавина на струшкото село Глобочица, во друштво на гости, љубопитни за слоевите и потенцијалите на местото кое ја дели месноста Малесија од Дримкол се случи промоцијата на најновото издание на „Лице в лице“,кое  е посветено на тема: потенцијалите на руралниот развој.


„Страниците на нашето најново издание посветено на потенцијалот на руралниот развој најпрво беа отворени на промотивното дружење во ова восхитувачки убаво село, до каде се стигнува само со кајче. Се приклучија пријатели и поддржувачи на „Лице в лице“, придружени од струшкиот продавач Игорче Шајноски,еден од најуспешните продавачи на списанието. Сите тие ја почувствуваа гостопримливоста на мештаните, кои, на традиционален начин, подготвија и бројни вкусни специјалитети.“ – информираат од тимот на ,,Лице в лице“

Активноста е дел од проектот „Лице в лице“ со граѓаните, кој е поддржан со грант од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida) преку проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија” имплементиран од Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги (UNOPS).

Strugaonline
Фото: Томислав Георгиев

 

Facebook Коментари