Хуманитарна изложба на уметникот Енкел Дика во Струга

- Локални
841

Од 27-ми до 30-ти декември во Струга , Енкел Дика, (познат по неговото уметничко име “Buko”), ги изложува неговите дела пред граѓаните на Струга.

Изложбата има хумана нота. За сите љубители на уметноста,  уметничките дела ќе бидат на продажба , а средствата што ќе се соберат ќе бидат донирани за лицата со посебни потреби во центарот „Порака Нова” во Струга. Изложбата ќе биде отворена на 27-ми декември во 19:00 часот во социал клуб „Комбинати“ ул. Туристичка 66, Струга

Енкел Дика е познат по својата дигитална уметност, на изложбата ќе бидат претставени повеќе од триесет уметнички дела, а целта е да им се помогнеме на лицата со посебни потреби.

Strugaonline

 

Facebook Коментари