Време-Променливо облачно со врнежи од дожд

- Македонија
393

Денеска ќе преовладува променливо облачно време, попладне со врнежи од дожд претежно во западните делови. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи в интервал од 11 до 15 степени. Утре ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 25л/м2) во форма на невреме. Ќе дува умерен, а на повеќе места засилен јужен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 11 до 17 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари