Убавините на Струга претставени на Саем за туризам во Барселона

- Локални
814

Општина Струга денеска ги претставува убавините на нашиот град на Саем за туризам во Барселона. Станува збор за атрактивен и многу посетуван саем.

„После 5 години, Општина Струга повторно се менаџира правилно. Денеска сме во Барселона каде што имаме прилика да ја промовираме културата, традициите и природните убавини што ги има нашиот волшебен град. Струга имала и ќе има секогаш вредности и капацитет за туризам бидејќи ние сме работеле и ќе работиме за доброто на нашите граѓани, за доброто на нашата Струга.“ – информираат од Општина Струга

Strugaonline

Facebook Коментари