Информативна средба за реализитани и идни планирани проекти во Струга

- Локални
559
 Градоначалникот на Општина Струга, Г-дин Рамис Мерко, заедно со министерот за финансии Г-дин Фатмир Бесими и министерот за информатичко општество и администрација Г-дин Јетон Шаќири, одржа информативна средба во  Струга.
За време на средбата присутните имаа можност да разговараат за реализација на многубројните проекти во Струга во тек на овој мандат и за досегашните завршени проекти. Исто така, вршеа надзор на проектите што се веќе започнати.
– Проектот финансиран од ТАВ, со вредност од 63 милиони денари е еден од нив. На крајот на овој проект, ќе се асфалтираат улици и тротоари во населбата – Урбана единица 8, во блок 22, 23 и 24 и изградба на фекална и атмосферска канализација. Реконструкција на ул. „Партизанска“ со должина околу 2.5 км., до „Еурохотел“, која опфаќа целосна реконструкција на патот, изградба на пешачки и велосипедски патеки од двете страни, паркинзи и целосно осветлување на коловозот со модерни електрични столбови. Вклучена е и реконструкција на подземна инфраструктура. Реконструкција на ул. „Маркс Енгелс“ од крстосницата со ул. „Партизанска“ до крстосницата со ул. „Туристичка“ во должина од 500м. Реконструкцијата на овој пат беше извршена во постојниот профил на патот, при што се изврши целосна реконструкција на подземната инфраструктура, улично осветлување, додавање велосипедски патеки и дополнителни паркинзи.  Реконструкција на ул. „ЈНА“ и „Глобочичка“ со должина од околу 1,5 км., што опфаќа целосна реконструкција на патот, а истовремено и спроведување на урбанистичкиот план. Реализацијата на оваа капитална инвестиција вклучува проширување на патот, изградба на велосипедски и пешачки патеки. За време на изградбата на патишта, изградена е подземна инфраструктура како и улично осветлување.-соопштуваат од Општина Струга.
 Градоначалникот Мерко потенцираше дека е убеден во светлата иднина што ја чека Струга.
-Нема да престанеме со работа додека не ја претвориме Струга во една од најфреквентните туристички дестинации – рече тој.
Strugaonline

Facebook Коментари