Марко Пејчиноски утре ќе плива до Струга и назад во знак на поддршка на Децата со ретки болести

- Спорт
452

Младиот охридски херој – пливачот Марко Пејчиноски, утре повторно ќе плива во водите на Охридското Езеро, овој пат во знак на поддршка на Децата со ретки болести.

– На 4-ти септември, во сабота, ќе е моето трето препливување оваа година. Овој пат ќе пливам од Охрид до Струга и назад до Охрид. Ова препливување го посветувам на Децата со ретки болести, порача Марко на социјалните мрежи.

На 1-ви август годинава, 15-годишниот Марко направи уште еден подвиг, откако по трет пат ја исплива делницата Охрид-Св. Наум-Охрид и подвигот го посвети на неговата мајка.

Марко пред три години го преплива езерото, кога со 12 години стана најмладиот маратонец што ја испливал 30-километарската делница од Свети Наум до Охрид.

Извор: ОхридПрес

фото: архива

Facebook Коментари