Вечерва сите во Дом на култура! „Струга од срце за Сара“

- Локални
1650

Музичари уметници и танчери од Струга вечерва  во Центарот за култура во Струга ќе се сплотат за да и помогнат на Сара Настеска од Охрид на која итно и е потребно пресадување на коскена сцревина во клиника во Германија. Хуманитарниот настан нуди богата програма.

Освен музичкиот дел, еден час пред официјалниот почеток на настанот, во фоајето на Домот на културата во Струга ќе бидат отворени изложби на Училиштето за цртање на Кики Муки. Нејзините ученици докажаа дека се мали во години, но значајни уметници кои сакаат да помогнат. Цртежите ќе имате можност да ги погледнете и купувајќи некоја од нив да донирате за Сара. Во тој изложбен дел од настанот, ќе можете да купите квалитетни рачни изработки од вештите раце на Накит-Билјана и Farina’s Handmade. Во рамките на овој хуманитарен настан ќе биде поставена и изложбата „Јас припаѓам тука“ од Локалната агенција за развој-Струга.

Кристина Затуроска ќе биде тука за да ви приреди професионална фотосесија, купувајќи од тие фотографии ќе имате убав спомен дека сте донирале за Сара.

Балетското студио БAX со адаптирани парчиња од нивната авторска Балетска претстава „Временска машина“ ќе испратат порака дека хуманоста е безвременска вредност. Учениците од ДСМУ „Тодор Скалоски“  ќе покажат дека музиката и хуманоста одат заедно, Оли и Каролина ќе ве забавуваат со квалитетна музика. Истото ќе го нарават и „Балкан џем’ со 30-минутно музичко шоу. КУД Илинден со негување на фолклорот ќе ве разиграат во чест на вашата хуманост и она што сите заедно сакаме да го направиме за Сара.

Вас ви преостанува само да бидете добра, расположена и хумана публика.

Play radio

Strugaonline

Facebook Коментари