Ислами: Досега се посипани вкупно четири тони индустриска сол и ризла на улиците во Струга

- Локални
305
Денеска  од раните утрински часови, поради врнежите од снег екипите на ЈП Комунално Струга организирано излегоа на терен, со работна сила и специјални возила.
-Се чистеа од снег тротоарите на поглавните улици, чаршијата и кејовите – површините кои ЈП Комунално Струга има обврска да ги одржува во зимски услови и истите се посипуваа со индустриска сол и ризла.-информираат од претпријатието.
Директорот на ЈП Комунално Струга, Иќмет Ислами  истакна дека од почетокот на снежните врнежи и појавата на мразот, досега се посипани вкупно 4 тони индустриска сол и ризла, а ангажирани се сите човечки и материјални ресурси со кои за таа намена располоага ЈП Комунално Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари