Изградбата на резервоар за чиста вода во с. Лабуништа е во завршна фаза

- Локални
742

-Наскоро еден од проблемите кои ги загрижуваше жителите на селото Лабуништа, конечно ќе биде решен со изградба на резервоар за чиста вода со капацитет од 700 м3.-информираат од Општина Струга

„Овој проект беше реализиран благодарение на инвестицијата и соработката на Општина Струга со Министерството за животна средина и просторно планирање, така што осум милиони денари беа одвоени од Општина Струга, а четири милиони денари беа одвоени од Министерството за животна средина и просторно планирање.“ – стои во соопштението од Општината.

Ова е втор резервоар за вода во Лабуништа, кој целосно ќе ги задоволи потребите на жителите на ова село.

Strugaonline

Facebook Коментари