Изложба на фотографии од авторот Анастас Ќушкоски утре во Охрид

- Локални
1268

Утревечер (петок, 7-ми јуни) во Куќата на Робевци во Охрид ќе биде отворена изложбата на фотографии „Митско-библиски асоцијации” од авторот Анастас Ќушкоски.

Оваа најнова  фотоизложба на авторот Анастас Ќушкоски, насловена како “Митско-библиски асоцијации”, се надоврзува на досегашните  25  негови претставувања во земјава и странство. Истата од нив се разликува по своите најнови идеи и иновативни техники, па со право може да се нарече и фотоарт изложба. Тоа е своевидна надградба на  апстрактните форми и содржини, претставени во некои од претходните изложби (“Метафорика”, 2008 и “Часовникот”, 2017). Според тоа, може да се рече дека ова е уникатен начин на сликање со фотоапарат.

Човекот отсекогаш бил опседнат со тајните на природата. Па така и авторот, среќавајќи најразлични форми, пред се’, во дрво и камен, тој , најпрво истите ги меморира   со својот фотоапарат, а потоа следи нивно уметничко вообличување според асоцијативната форма или посакуваната претстава. Фклучувајќи ја сопствената имагинативна моќ, во нив авторот го препознава божественото, религиското, па дури и човековата реинкарнација. Во тој случај,  секоја рана на  некоја скршена  гранка  или деланка од дрво,   може да побуди асоцијација на страдањата од Богочовекот, а потоа  следат и реминисцентни слики од крвавата палета, како божји претсказанија, сновиденија, опомени за човекот. Широк спектар на  фантасмагорични претстави  што можат да се јават во човековата потсвест. Па така, од реалниот свет се добива нова визуелна димензија, односно нова претстава за виденото. Во случајов тоа е претставено преку  25 експонати. Некои од нив се повеќеслојни,односно неколку собитија или ликови се содржани во една иста слика и претставуваат слика во слика. Со сето она што тие го прикажуваат и симболизи-раат  даваат силен импулс во развојот на духовната култура и уметноста воопшто.

Изложбата е  збогатена со видеопрезентација на избор од фотографско творештво на авторот.

Почетокот е закажан за 19:00 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари