Mаестралната светска ѕвезда АНДРЕ РИУ пристигна во Скопје!

- Забава
609

Вечерва (четврток, 6-ти јуни) со почеток во точно 20:00 часот, во Вип Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, македонската публика ќе има ексклузивна можност да биде дел од величествениот концерт на светската музичка ѕвезда АНДРЕ РИУ! Мегапопуларниот диригент и виртуоз на виолина, АНДРЕ РИУ ширум светот прославуван како современиот „Крал на валцерот“ заедно со својот 60-член Оркестар „Јохан Штраус“ и уште 20-тина гости музичари кои ќе го придружуваат на сцената, но и тим составен од повеќе од 50 професионалци кои се грижат за продукцијата и техничката реализација на концертот, веќе пристигнаа во Скопје за неговиот премиерен настап во Македонија.

Несомнено еден од најпопуларните интернационални музичари на нашето време е секогаш синоним за вистински концертен спекткл. Андре Риу секаде ширум светот настапува пред 600,000 публика годишно, надминувајќи ги дури и супер-ѕвездите како Бруно Марс, Еј-Си/Ди-Си или Риана. А концертите на Андре Риу се огномет од емоции. На речиси 100 концерти годишно, Риу гарантира совршена забава со светски познатите, романтични мелодии, како и со бројни изненадувања, хумор и првокласни интернационални солисти.

Заедно со неговиот Јохан Штраус Оркестар, најголемиот приватен оркестар на светот, харизматичниот Холанѓанец речиси 30 години го обиколува светот и вечерва, за прв пат пристигнува и кај нас, со концерт во организација на „Пасворд Продакшн“.
Важни информации за посетителите на концертот на Андре Риу:

  • Онлајн купените билети не треба да се заменуваат. Треба само да го испечатите PDF документот (ваучерот) кој го добивате во прилог на мејлот и истиот е Вашата влезница за концертот.
  • Влезот за посетителите ќе биде отворен во 18:30 часот.
  • Почетокот на концертот е ТОЧНО ВО 20:00 ЧАСОТ! Апелираме со молба до сите посетители да дојдат на време на концертот, бидејќи концертот ќе започне точно во 20:00 часот без одложување.
  • Концертната програма вклучува и пауза од 21:00 до 21:20 часот.
  • За време на концертот, покрај стандардното правило за забрането внесување на предмети кои можат да ја загрозат безбедноста на настанот, нема да биде дозволено и внесување на професионална опрема за снимање или фотографирање, храна и пијалоци.
  • Во концертната сала ќе бидат присутни и 70 редари и волонтери кои Ви се на располагање за секаква помош околу наоѓање на Вашето седиште.
  • За фановите на Андре Риу, во холот пред концертната сала, ќе биде поставен и продажен штанд со официјални промотивни производи и сувенири (official merchandise). Штандот ќе работи од 18:30 до 23:00 часот, па доколку немате време да го разгледате пред концертот, тоа ќе можете да го сторите за време на паузата или и по завршувањето на концертот.
  • Паркингот на ВИП АРЕНА „Борис Трајковски“ е со ограничен капацитет, а поради големиот број посетители на овој концерт, за да ги избегнете гужвите ве советуваме да дојдете што порано во Арената и да користите јавен градски превоз и околни паркинзи.
  • И конечно, Андре Риу пристигнува во Скопје со целосна сопствена продукција, 9 шлепери со опрема, комплетна костимографија и сценографија, речиси 80 музичари на сцена и повеќе од 50 луѓе задолжени за техничката реализација. Овие бројки само ја потврдуваат големината на овој музички уметник и пред нас е несомнено концертен спектакл каков што досега не сме имале прилика да погледнеме во Македонија.

Strugaonline

Facebook Коментари