Јавна расправа за Нацрт-планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028 во Охрид и Струга

- Локални
622

Министерството за животна средина ќе одржи  Јавна расправа за Нацрт- Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028г. и за Нацрт-Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028г.


Јавната расправа ќе се одржи на 12.-ти ноември во Дом на култура Григор Прличев – Охрид ,со почеток во  12.00 часот, a истиот ден јавна расправа ќе има и во Струга во салата на Советот од 15:30 часот.

Според најавената програма, воведни обраќања ќе имаат градоначалниците на Охрид и Дебрца, Константин Георгиески и Зоран Ногачески, а ќе говорат и Ана Петровска, државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање и Зоран Павлов, од Комисијата за управување со културното и природното наследство на Охридскиот регион.

На 11-ти ноември јавна расправа на оваа тема ќе се одржи и во Клубот на пратеници во Скопје

Strugaonline

фото: архива

 

Facebook Коментари