Наскоро ќе биде пуштена во употреба новата спортска сала во СОУ „Нико Нестор“

- Локални
670

После пуштањето во употреба на новите простории на едриличарскиот клуб Снегар и почетокот со градба на пливачкиот базен, наскоро во Струга, за прв пат од осамостојувањето ќе биде пуштена во употреба нова спортска сала, во рамките на СОУ Нико Нестор.-најавуваат од ОО на СДСМ-Струга.

-Новиот спортски локалитет ќе им овозможи на младите, но и на сите стружани нов, модерен простор за спортување, рекреација и место каде што ќе се раѓаат новите спортски легенди, кои Струга секогаш ги имала во изобилство.-истакна Ивица Затаракоски, секретар на ОО СДСМ Струга.

Тој информираше дека истовремено Агенцијата за млади и спорт ќе одвои дополнителни 4 милиони евра од буџетот, за спортистите и спортските работници во форма на ваучери, со што се доаѓа до вкупната бројка од 10 милиони евра, кои само преку една мерка на Владата на СДСМ се вложуваат директно во спортот за една година.

Strugaonline

Facebook Коментари