ЈП „Комунално“-Струга: Граѓаните да не го уништуваат новогодишното украсување во градот

- Локални
241

ЈП „Комунално“-Струга апелира до сите граѓани да не ја уништуваат новогодишната опрема односно украсените делови од градот бидејќи на тој начин себе си и другите ги доведуваат во опасност од струен удар. Покрај опасноста, се создава и лоша слика во центарот на градот, во екот на предновогодишната еуфорија.

Овие апели од ЈП„Комунално“ доаѓаат откако минатата година граѓаните беа сведоци на украдени лампиони, уништување на елката, кинење на новогодишните сијалички и друг вид на оштетување и кршење на новогодишната опрема.

За жал, истото се повторува и оваа година, за што сведочат фотографиите:

Strugaonline

Facebook Коментари