ЈП Водовод и канализација: На локациите Детска Градинка „Сонце“ и СОУ „Нико Нестор“ водата е чиста за пиење, за Мороишта се чекаат резултатите

- Локални
702
ЈП Водовод и канализација информира  дека на локациите: Детска Градинка „Сонце“ и СОУ „Нико Нестор“ водата е чиста и може да се консумира за пиење.
Од таму додаваат дека за селото Мороишта се чекаат резултатите и ги замолуваат граѓаните да не консумират вода до следното известување.
ЈП Водовод и канализација на 7-ми декември ги информираше граѓаните дека водата на трите споменати локации е загадена и не треба да се користи за пиење, што значи дека денеска проблемот со загаденоста на водата кај Детска Градинка „Сонце“ и СОУ „Нико Нестор“ е решен, а за село Мороишта се чекаат резултатите.
Strugaonline

Facebook Коментари