Спасовски: Полицијата ќе врши увид по викедници и вили за каде има сознанија за групирање

- Македонија
395

– Нема забрана за издавање викендици на едно семејство, но кривично дело е издавање на група луѓе. Не е идејата со мерките да се затворат угостителите по 18:00 часот, а од друга страна да отвораме нови такви објекти во околина на Скопје, Маврово, Охрид или Струга, истакна прес конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој додаде дека МВР ќе постапува врз основа на сите дозволени норми и правила врз основа на законот.

-Таму каде што имаме сознанија дека има групирање на лица во издадени викендици ќе се направи увид и ќе се поднесат соодветни пријави.За полицијата ќе има многу работа, но здравјето на граѓаните е врвен приоритет, истакна Спасовски.

Министерот исто така упати апел до граѓаните да се однесуваат одговорно и почитувајќи ги мерките да помогнат на државата, лекарите и здравствениот систем.

Strugaonline

 

Facebook Коментари