ЈП Водовод и канализација Струга откри пет случаи на злоупотреба на вода, акцијата продолжува

- Локални
391
ЈП Водовод и канализација -Струга известува дека  при секојдневната акција за откривање случаи на злоупотреба на вода, екипи на претпријатието во соработка со надлежните општински инспектори, открија повеќе вакви случаи, како во градот Струга, така и во неколку села.
,,Вакви случаи откривме во селата Тефериќ, Шум, Заграчани,Радолишта. Иницијалите на корисниците  каде што се докажани случаи на злоупотреба на вода се:  М.В, с.Тефериќ, Р.Р, с.Шум,
 С.Л, Струга,  Д.Л, с.Заграчани и  К.Х, с.Радолишта,, – соопштија од јавното претпријатие.
Од таму додаваат дека акцијата ќе продолжи и во наредните денови.
За корисниците кај кои се докажани случаи на злоупотреба на вода, ќе се преземат законски мерки, согласно Законот за снабдување со вода за пиење и Кривичниот законик.
Strugaonline

Facebook Коментари