Општина Струга: Доколку сакате да користите такси возила лиценцирани од институциите, изберете ги оние со жолта табличка

- Локални
935
Општина Струга известува дека во врска со барање од МВР – Оддел за граѓански работи – Сектор за управно надзорни работи Охрид и Струга, за возилата за авто такси превоз на патници се предвидени посебни регистарски таблици во жолта боја.
-Општина Струга започна со имплементација на ова барање, затоа ги известуваме сите граѓани и посетители на градот Струга дека доколку сакаат да користат такси возила лиценцирани од институциите, да ги изберат оние со жолта табличка (регистрација) .- стои во соопштението од Општината.
Strugaonline

Facebook Коментари