Јубилеен концерт за 20 години од музичкото образование во Струга
Со свечен концерт, Државното музичко училиште „Тодор Скаловски – Тетоец“ – истурени паралелки во Струга ќе одбележи значаен јубилеј – 20 години од своето постоење и успешна работа.
Концертот ќе се одржи на 29 април 2026 година (среда), со почеток во 19:00 часот, во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“, каде публиката ќе има можност да ужива во настапите на учениците и да биде дел од ова свечено одбележување.
Во изминатите две децении, училиштето се изгради во значаен центар за музичко образование, препознатлив по квалитетот на наставата и успесите на своите ученици. Голем број млади таленти кои го започнале своето музичко образование токму тука, денес го продолжуваат на престижни универзитети и се афирмирани уметници на домашната и меѓународната сцена.
Јубилејниот концерт ќе биде можност да се одбележи богатото наследство, но и да се најават нови успеси и генерации музички уметници кои доаѓаат.
StrugaOnline

