Лев банер Десен банер

Тесен пораз за пионерите на РШ „Динг“ Струга во неизвесен дуел со Пролет

Пионерите на ракометната школа „Динг“ од Струга претрпеа минимален пораз од 20:19 на гостувањето кај РК Пролет, во рамки на последното коло од регуларниот дел на првенството.

Натпреварот заврши со нерешени 12:12 на полувремето, а и покрај тоа што немаше резултатско значење – со оглед дека стружани веќе ја обезбедија петтата позиција, додека домаќините се пласираа на шестото место – двете екипи прикажаа борбена и квалитетна игра.

Во текот на првото полувреме иницијативата беше на страната на гостите од Струга, кои успеваа да го контролираат резултатот. Во вториот дел, пак, домаќините ја презедоа контролата и во неизвесна завршница успеаја да стигнат до минимална победа.

Во редовите на РШ „Динг“ Струга најефикасен беше Ојлески со 9 постигнати голови, по него следеше Ковачески со 5, додека Настоски додаде 4 погодоци.

И покрај поразот, младите ракометари оставија добар впечаток, покажувајќи борбеност и потенцијал пред следните предизвици.

StrugaOnline

error: