Ќе се решава проблемот со заматувањето на водата за пиење во Струга

- Локални
643

Во просториите на Општина Струга, Градоначалникот Рамиз Мерко и Директорот на МЈП Проаква Струга, Јетон Шаќири одржаа средба со претставници на компанијата МХЕ Хидроцентрали со цел изнаоѓање на решение за проблемот со заматувањето на водата за пиење при поголеми врнежи од дожд.

„Од компанијата се заложија дека со работните активности што ќе ги извршат во проблематичните места, засекогаш ќе биде решен проблемот со заматување на водата кој трае веќе многу години по ред. Работните активности  ќе започнат во следните денови.“ – информираат од Општина Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари