КЛ7 Струга славеше победа на гости во Прилеп

- Локални, Спорт
969

Eкипата на КЛ7 Струга извојува сигурна победа на гостувањето во Прилеп. Предводени од средниот бек Џигероски и расположениот Стојков дури во вториот дел го скршија отпорот на талентираните прилепчани.

Со освојувањето на бодовите во Прилеп стружани и оваа година ќе имаат преставник во младинската фајналфор завршница благодарение на КЛ7 Струга. Додека пионерите по победата на РК Енхалон исто така обезбедија пласман во фајналфор завршницата.

Следниот натпревар на момците од КЛ7 Струга ќе биде  со РК Металург наредниот викенд
 РК Прилеп – КЛ7 Струга 32:34 (17:19)

КЛ7 Струга: Петрески, Скепароски, Стојков 2, Џигероски 8, Јовчев 7, Гучески 6, Христоски 1, Попоски 1, Тутенкоски , Симоноски 4, Матоски, Пајкоски 1, Барлакоски 3, Ѓоргоски , Шулески.

Седмерци: 4/4    Исклучувања: 4 мин.

Извор и фото: kl7.mk

Strugaonline

Facebook Коментари