Лев банер Десен банер

„Кога поезијата зборува“ – свечено одбележување на Светскиот ден на поезијата денеска во Струга

Во организација на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, денеска со почеток во 12 часот во фоајето на установата ќе се одржи свеченоста „Кога поезијата зборува“, по повод Светскиот ден на поезијата.

Настанот ќе биде посветен на поетското творештво и убавината на пишаниот збор, при што присутните ќе имаат можност да уживаат во стихови од домашни и странски автори. Посебен акцент ќе биде ставен и на младите таленти, преку читање на лични наградени творби на ученици од општинските основни училишта во Струга.

Организаторите најавуваат богата и инспиративна програма, со која ќе се одбележи значењето на поезијата како универзален јазик на емоциите и културата. Настанот е отворен за јавноста и претставува можност за љубителите на литературата да бидат дел од едно поетско дружење.

StrugaOnline

error: