Лев банер Десен банер

Засилени контроли на уличното осветлување во Струга: Ќе се санкционираат нелегалните приклучоци

Компанијата ICS SISTEMI, која е задолжена за одржување на уличното осветлување во Струга, најави дека во наредниот период ќе спроведе засилени контроли на електричната мрежа.

Како што информираат од компанијата, контролите ќе бидат насочени кон откривање на нелегални приклучоци во дворови и приватни објекти. Од таму потенцираат дека секое неовластено приклучување ќе биде санкционирано согласно важечките законски прописи, при што не е исклучена можноста за покренување и кривична постапка за злоупотреба на електрична енергија.

Од ICS SISTEMI апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и да се воздржат од нелегални приклучувања, со цел да се обезбеди безбедно, стабилно и ефикасно функционирање на системот за јавно осветлување во општината.

StrugaOnline

error: