Концерт на Каролина Гочева во Антички театар- Охрид

- Забава, Локални
1948

На 11-ти август во Античкиот театар во Охрид  концерт ќе одржи поп-дивата на домашната сцена , Каролина Гочева.

После успешно распродадената пролетна турнеја во повеќе концертни сали низ градовите во Македонија, Каролина и нејзиниот бенд доаѓаат во Охрид со двочасовен open air концерт и тоа на 11-ти август, на најубавиот простор во нашиот туристички бисер, Антички театар. На концертот ќе прозвучат сите песни од албумот „Извор“, како и најубавите песни од историскиот проект „Македонско девојче“.

Билетите беа пуштени во продажба утрово онлајн преку Avalon.mk, продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и во Југотон по следниве цени:

SILVER SEATS – 500 денари
GOLDEN SEATS – 800 денари

Продажни места во Охрид на ККЗС: ТА Вис пој, ТА Атлантис, Топ Тобако, Топ маркет Ориент, Топ тобако 2 и ЗЗ Топ мјузик шоп.

Каролина после неколку години, повторно на open air концерт во Антички театар!

Strugaonline

Facebook Коментари