Oва лето 2018-то кое што ни претстои ќе го одбележат многу културни и музички настани. Еден од позначајните најавени настани е концертот на легендарниот Влатко Стефановски кој ќе се одржи во Античкиот театар во Охрид
Влатко Стефановски моментално е актуелен со албумот „Мајчин јазик“- негов прв соло акустичен албум кој содржи инструментални верзии на македонски народни песни. Станува збор за 35-тиот албум во неговата кариера. Овој квалитетен носач на звук и софистицираните преработки кои му доликуваат на Влатко Стефаноски, најдобриот гитарист во регионов и пошироко, наидоа на воодушевување кај публиката на концертите во Скопје. Во оваа софистицирана музичка уметност на 1-ви август ќе уживаат и Охриѓани и гостите.
Концертот е во организација на „Баги Комуникации“.
Strugaonline
Facebook Коментари