Вечерва во Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга концерт ќе одржи Ансамблот на народни инструменти и песни ‘„Стефче Стојковски ” .
Ова е убава можност за сите љубители на фолклорната уметност да поминат една убава вечер со репертоарот на овој познат ансамбл.
Стефче Стојковски е роден во 1972 година во Скопје. Неговиот дедо и татко долгогодишни членови на традиционални фолклорни ансамбли, му ја пренеле љубовта кон народните инструменти. На седумгодишна возраст почнува да свири на кавал.На девет година ја има првата аудио снимка.Исто така свири на гајда, зурла и тамбура.
Во 1990тите години се вработува во МРТВ во националниот оркестар за професионални ангажмани. Од тогаш се закитува со називот независен музички артист и инструктор.
Неговата долгогодишна кариера го води низ целиот свет ( Австралија, САД, Канада, Јапонија, Кина, Тајван, Русија, Турција, Шпанија, Италија, Франција, Шведска Белгија сите поранешни Балкански држави и уште многу други места). Стефче Стојковски со право се нарекува виртуоз на народните дувачки инструменти.
Во 1997 година го остварува својот сон и формира свој Ансамбл на народни инструменти и песни ” Стефче Стојковски ”
Досега има издадено 7 албуми и еден видео материјал, а работи и на филмска музика.
Концертот е закажан за 19:30 часот
Strugaonline
Facebook Коментари