Крводарителска акција на 18-ти февруари во Струга

- Локални
733

На 18-ти февруари во полициската станица во Струга ќе се одржи крводарителска акција организирана од страна на Црвен крст- Струга.

„Изразете ја вашата хуманост и солидарност преку дарување крв. Вашата крв спасува живот. Крвта е незаменлив лек за да се продолжат многу животи. Проверете го вашето здравје и дарувајте крв“- апелираат од Црвен крст-Струга.

Крводарителската акција ќе се одржи во период од 10:00 до 14:00 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари