Лажни дојави за бомби во фабрика и основно училиште во Охрид

- Локални
428

Лажни дојави на бомби имало утрово во неколку деловни објекти во индустриската зона во Охрид и во едно училиште, потврди  портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Според него, вработените од индустриската зона, лоцирана во близина на градските гробишта, биле евакуирани, но за кратко вратени во работниот процес.

– Во координација со јавен обивнител, СВР Охрид ги презеде сите неопходни мерки и при тоа нема основаност во добиените дојави, изјави Димоски.

Повеќе детали околу дојавите не сподели, освен дека се работи за едно училиште и една фабричка хала.

Strugaonline

Facebook Коментари