ЛТХ Леарница вработува инженер за квалитет на производ

- Локални
505

ЛТХ ЛЕАРНИЦА ДООЕЛ Охрид вработува: ИНЖЕНЕР ЗА КВАЛИТЕТ НА ПРОИЗВОД

 Квалификации:

  • Диоломирани машински инженери-инженери од техничките науки / дадена предност со работно искуство како машински инженер во автомобилска индустрија/апсолвенти
  • Одлично познавање и активна примена на англискиот јазик ( германски ќе се смета за предност)
  • Способност за читање и разбирање на цртежи, упатства и спецификации
  • Познавање на работа со компјутери, МSOffice (Excel, Word, PowerPoint, Outlook), способност за математичко и статистичко решавање на проблеми од областа
  • Управување со време, високо ниво на иницијативност и технички прецизна комуникација, аналитичност и способност за работа со рокови

Одговорности:

  • Имплементација на постапки за контрола на квалитетот на производите во соработка со производство, подготовка на контролната документација, акции за подобрување на квалитетот на процесите
  • Идентификува неусогласености и превзема превентивни мерки, предлага корективни мерки за отстранување на неусогласеностите во процесите, воведува нови системи за обезбедување на квалитетот.
  • Врши контрола на системската документација во поглед на барањата на стандардите кои се имплементираат во компанијата
  • Врши модерација на FMEA системот и решава рекламации
  • Обезбедува соодветни обуки, насоки и совети со цел производниот тим да го постигне бараниот квалитет
  • Обезбедува и врши подготовка на податоци,анализи и извештаи за подготовка на годишните интерни и екстерни аудити (редовни и вонредни)

Услови за работа:

Позицијата бара користење на заштитна опрема, работа 40h неделно/ 8h дневно. Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид.

Нудиме:

  • Соодветен почетен месечен надоместок, едукација и напредување, размена на знаења низ Групацијата
  • Покриени трошоци за превоз до и од работа, обезбеден топол оброк
  • Во случај кандидатот да доаѓа од друг град, покривање на трошоци за сместување
  • Исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
  • Исплата на новогодишен надоместок
  • Доброволно приватно здравствено осигурување
  • Награди и бонуси согласно покажани резултати

 

Facebook Коментари