Македонско-албанска комисија ќе управува со природното и културното наследство во Охридскиот регион

- Локални, Македонија
383

Mинистерот Едмонд Адеми вчера во својство на претседател на Националната Комисија за УНЕСКО, оствари работни средби со министерката за култура, Елва Маргарити и министерот за животна средина, Бленди Клоси во Тирана, Република Албанија. На состаноците беше договорено формирање на меѓудржавно тело за заедничко управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион.

„Министрите ја реафирмираа одлучноста на двете пријателски, соседни земји да ги исполнат препораките на УНЕСКО со цел долгорочно зачувување на нашето светско наследство.“-информираат од владината прес-служба.

Министерот Адеми оствари средба и со претставници на Министерството за надворешни работи. На средбата беше заклучено дека следува формалното конситуирање на заедничката комисија.

„Во тој контекст, Северна Македонија и Албанија ја интензивираат соработката на политичко и експертско ниво и заеднички ќе носат одлуки за зачувување на исклучителните универзални вредности на природното и културното наследство во Охридскиот регион.“ – се вели во владиното соопштение.

Strugaonline

 

 

 

Facebook Коментари