Манифестацијата „Струшки книжевни средби“ ќе се одржи од 4-ти до 6-ти јули

- Локални
623

Од 4-ти до 6-ти јули во Струга Охрид и Вевчани ќе се одржи најновото издание на книжевната манифестација „Струшки книжевни средби“. Оваа манифестација ќе започне во Охрид, во четврток, со почеток во 17:00 часот за кога е планирана посета на културни и духовни знаменитости и дегустација на локални вина, а потоа ќе следува рецитал „Вино и поезија“ со Будимир Соколовиќ.

Во 19:00 часот во Библиотеката „Григор Прличев“ ќе се одржи промоција на поетската книга „Небесна тишина“ од авторот Новица Соврљиќ, а промотори ќе бидат Петко Шипинкароски и Даниела Андоновска Трајкова, а модератор ќе биде Милчо Јовановски.

Во 21:00 часот во хотел „Климетица“ ќе се одржи рециталот „Вино и поезија“

На 5-ти јули, манифестацијата „Струшки книжевни средби“ се сели во Струга. Со почеток во 10:00 часот, во Спомен домот на Браќа Миладиновци ќе следува „книжевна пловидба“ и стручна работилница на тема „Придонесот на списанијата во развојот на современата македонска култура и уметност: 75 години од ослободувањето. Во работилницата, присутните ќе ги воведе Проф.д-р Димитар Пандов, а модератор ќе биде Проф. д-р. Христо Петрески.

Во 12:30 часот поздравно обраќање ќе има Роберт Алаѓозоски-национален координатор за развој на културата и меѓуресорската соработка.

По повод јубилејот -десет  години Културен центар „Бран“ – Струга ќе говори поетот Петко Шипинкароски.

Потоа ќе следува доделување на наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“ на добитниците Даниела Андоновска Трајковска и Игор Крајчев. Промотори ќе бидат Мерсиха Исмајлоска и Христо Петрески.

Потоа ќе следува постхумно доделување „Златна благодарница“ за Владо Малески за уметничкиот влог при создавањето на химната „Денес над Македонија се раѓа“. Слово за Владо Малески ќе одржи Мишо Китаноски, а модератор ќе биде Сузана Мицева.

Потоа, манифестацијата се сели во Вевчани со следнава програма:

17:30 Вевчани

Вевчански извори:

– Добредојде во Вевчани на учесниците на „Струшки книжевни средби“ ќе им посака градоначалникот Сашо Јанкоски

Поетски маратон:

Современа поезија на Србија со Александар Чотриќ, Сенка Павловиќ, Недељко Терзиќ, Милица Јефтимиевиќ Лилиќ, Снежана Дабиќ, Новица Соврљиќ и Раде Вучиќевиќ

Современа поезија на Хрватска со Валерио Орлиќ, Срѓан Духовиќ, Анѓелка Корчуланиќ и Анте Грего

Современа поезија на Албанија со Мајлинда Рама, Сара Џелили и Илир Паја.

Настап на поетите: Љубиша Симиќ и Драгица Шредер (Германија), Лабуд Лончар (Црна Гора) и Гордана Сречковиќ (Холандија)

Македонска современа поезија со Димитар Пандев, Христо Петрески, Катица Ќулафкова, Мерсиха Исмајлоска, Васил Тоциновски, Борче Панов, Весна Мундишевска-Велјановска, Мустафа Спахиу, Даниела Андоновска-Трајковска, Сашо Бетоски, Сузана Мицева, Златко Жоглев,

Љубинка  Донева, Ѓорѓи Калјџиев,  Елена Пренџова,Трајче Кацаров, Славе Ѓорго  Димоски, IМишо Китаноски, Игор  Крајчев, Стефан Маркоски, Снежана Стојчевска и Петко Шипинкаровски

19:30 Вевчани

 Црква Св. Никола –Вевчани: Портрет на добитниците на наградата „Струшко слово“ Лидија Капушевска Дракулевска, Мустафа Спахиу и Недељко Терзиќ

Промотори: Мерсиха Исмајлоска, Васил Тоциновски и Петко Шипинкаровски

– Промоција на најновите списанија: „СОВРЕМЕНОСТ“,„СТОЖЕР“,„СТРЕМЕЖ“,„СУМ“, „СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ“, „РАСТ“, „ЈУЖЕН БРАН“ и „БРАНУВАЊА“

Промотори: Стефан Маркоски, Христо Петрески, Габриела Стојаноска Станоеска, Трајче Кацаров, Весна Мундишевска-Велјановска, Даниела Андоновска-Трајковска, Славе Ѓорго Димоски и Петко Шипикаровски

20:30 Вевчани

Под вевчанското ѕвездено небо:

Ресторант „В ИЗВОР“, Вечерна дружба и доделување на признанија на учесниците.

Mанифестацијата ќе заврши на 6-ти јули во Струга со следнава програма:

Предворје на црквата Св. Ѓорѓија од Струга:

– Доделување на Големата награда на Струшките книжевни средби – „КНИЖЕВНА ДАЛГА“ за 2019 година на проф. д-р Димитар Пандев.

Реч за добитникот на наградата: Даниела Андоновска-Трајковска

Наградата ќе ја врачи претседателот на БРАН и организатор на Струшки книжевни средби Петко Шипинкаровски

   – Поетски маратон 2:

Димитар Пандев, Христо Петрески, Катица Ќулафкова,Мерсиха Исмајлоска, Борче Панов, Весна Мундишевска-Велјановска, Мустафа Спахиу, Даниела Андоновска-Трајковска, Сузана Мицева, Трајче Кацаров, Мишо Китаноски, Игор Крајчев, Мајлинда Рама, Илир Паја, Сара Џелили, Стефан Маркоски, Анастас  Ќушкоски, Валерио Орлиќ, Срѓан Духовиќ, Анѓелка Корчуланиќ, Анте Грего, Љубиша Симиќ,

Митре Мангоски Радождански, Драгица Шредер, Лабуд Лончар, Гордана Сречковиќ, Раде Вучиќевиќ, Александар Чотриќ, Сенка Павловиќ, Недељко Терзиќ, Ѓорѓи Калјџиев,  Снежана Дабиќ, Милица Јефтимиевиќ Лилиќ, Новица Соврљиќ, Марина Икономова Шокева,  Златко  Жоглев,  Лидија  Дочоска  Павловска, Снежана Стојчевска, Елизабета Јончиќ, Миладин Угреновиќ и Мирко Томоски.

– Доделување на наградата БРАНУВАЊА за најдобра прочитана песна на македонски и странски автори. Наградите ќе ги врачат Христо Петрески, Мишо Китаноски и Мерсиха Исмајлоска

Модератор: Елена Пренџова

Коктел и заминување на учесниците на манифестацијата Струшки книжевни средби.

Strugaonline

 

Facebook Коментари