„Maтурска парада 2019“ денеска во Струга

- Локални
1121

Денеска во Струга  се одржа традиционалната „Матурска парада 2019“ со која матурантите ќе го означат крајот на нивното средно образование.

Струшките матуранти, заедно со своите врсници од неколку македонски градови, но и од градови во Европа, точно напладне  го изведоа танцот „Квадрил” од Штраусовата опера „Лилјакот“.

Матурската парада е покрената во 2001 година во Словенија, а нејзин идеен творец е Томаж Амброж од танцовата школа „Уршка“ во Љубљана.

Strugaonline

 

Facebook Коментари