„Meдена земја“ повторно пред охридската публика

- Локални
565

„Медена земја“ филмот номиниран за Оскар во две категории повторно ќе се прикажува во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид во деновите 29-ти, 30-ти Јануари и 8-ми февруари 2020 година со почеток во 20.00 часот!
Ова е прв пат во светската филмска историја документарен филм да добие две номинации во иста година за наградите на Академијата!

„Земи половина од медот, половина остави за пчелите.“
По ова правило за баланс со природата се води Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Но, кога во нејзиното соседство ќе се досели номадско семејство-пчелари, таа се соочува со сериозен предизвик, да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа на земјата.
Ако еден го прекрши правилото, сите ја плаќаат цената!

Strugaonline

Facebook Коментари