Mеѓународен фестивал – смотра на ветерани „Заиграј на оро“ во Струга

- Локални
673

На 21.09.2019 со почеток во 19:30 часот,  во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“-Струга ќе се одржи меѓународен фестивал – смотра на ветерани „Заиграј на оро“!

Фестивалот е од интернационален карактер и на истиот ќе настапат КУД „Џидо Бечај“ од Впјводина, КУД „Петроварадин“ од Нови Сад, КУД „Карановац“ од Краљево , КУД „Шумадија“ од Горни Милановац, Здружение „Солна“ од Стокхолм Шведска. Фестивалот ќе го отворат домаќините кои првите чекори во далечната 1978 година ги направиле токму на сцената на струшкиот Центар за култура и од пред една година редовно одржуваат проби и ќе се претстават со песни и ора од струшко охридскиот крај.  Во придружба се на оркестар и пејачка група при ФА БИСЕРИ од Центар за култура „Охрид“.

Фестивалот е во организација КУД „Ѓердан од Бисери“- Охрид под менторство на Татјана Узуноска-Тренеска  во соработка со Центар за култура Браќа Миладиновци Струга.

Strugaonline

 

Facebook Коментари