Време- Следува голем пад на температурите и врнежи од дожд

- Македонија
523

Во текот на денот облачноста насекаде ќе се зголеми и тоа поради форнталниот систем што се спушта од север. Од пладневните часови на повеќе места ќе започнат врнежи од дожд кој локално ќе бидат поинтензивни и се очекува да наврнат околу 20 л/м2 воден талог. Особено на запад и на југозапад локално ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.

Не се исклучува можноста и за локална и ретка појава на град, сето ова ќе биде поради судирот на две воздушни маси (многу постудената од север и топлата од југ). Ќе започне да дува северен ветер кој особено Долж Повардарието ќе биде засилен по интензитет и сето ова вечерва ќе услови значителен пад на температурите на воздухот.

Иако се мали сепак не се исклучуваат условите поради заладувањето на највисоките планински врвови од државава да провее и сосема малку снег. Максиамлните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени во најтоплите предели од државава меѓутоа вечерва ќе бидат во големо опаѓање.  Слаби врнежи можни се и утре наутро меѓутоа во текот на денот облачноста од север ќе започне да се намалува, а ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец. Максималните дневни температури утре ќе се искачуваат во интервалот само од 15 до 25 степени во најтоплите предели. Особено студено ќе биде во сабота наутро кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интевалот од 0 до 10 степени и истите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината.

Во Струга и Стушко исто така во текот на денот облачноста ќе се зголеми и особено од попладневните часови и ќе има врнежи од дожд, а има услови и за појава на грмежи. Максималната температура на воздухот ќе се искачи до околу 25 степени меѓутоа вечерва ќе бележи тенденција на големо опаѓање. Сето ова ќе биде проследено и со северен ветер. Намалување на облачноста ќе има утре во текот на денот а особено студено ќе биде во сабота наутро кога минималнта температура ќе се спушти до околу 5 степени.

Подготви: Славчо Попоски 

Facebook Коментари