Мерко го финализираше основањето на новото претпријатие Водовод и Канализација – Струга

- Локални
1260

Градоначалникот на Општина Струга, Г-дин. Рамиз Мерко вчера го изврши финалниот акт на основањето на новото претпријатие за Водовод и Канализација во Струга, именувајќи го како В.Д. Директор Др. Јетон Шаќири, со што завршува постоењето на Меѓуопштинското Јавно Претпријатие.

-Проаква која историски се покажа како неуспешна, бидејќи беа три работни единици кои работеа како независни но никогаш не беа независни и компликациите од оваа ситуација беа многубројни.
Денес можеме да се гордееме дека инсистирањето и помошта на Градоначалникот Рамиз Мерко ги даде своите резултати и се формираше ново претпријатие, целосно согласно закон и најсовремените стандарди, и што е најважно почнува од нула, бришејќи го мрачниот период на МЈП Проаква која со години беше синоним за неуспех.-стои во соопштението од Општина Струга.

Извор: Општина Струга

Strugaonline

 

Facebook Коментари