Владимир Ѓоровиќ e прогласен за тренер на годината во женска младинска конкуренција

- Спорт
1191

На посебна церемонија организирана во хотелот „Double Tree by Hilton“во Скопје, вечерва Кошаркарската федерација на Сeверна Македонија ги прогласи најдобрите во кошаркарскиот спорт кај нас за 2019 година.

Главната награда отиде во рацете на веројатно и најталентираниот млад македонски кошаркар – Ненад Димитријевиќ.

Со оглед на тоа дека има актуелни обврски спрема клубот за кој настапува, Хувентуд, популарниот Нено ги поздрави присутните со една видео-порака од Бадалона.

Во оној женски сегмент на најдобрите, како најдобра кошаркарка за оваа година беше прогласена Александра Стојановска, актуелна репрезентативка на нашата земја, и играч на албанскиот Фљамуртари.

Актуелниот предводник на нашиот женски национален сениорски тим, Владимир Ѓоровиќ,  е добитник на наградата тренер на годината во женска младинска конкуренција. Ѓоровиќ е добро познат и како тренер на ЖКК Струга 2009 , тим со кој исто така постигнува успеси.

„Честитки до КФСМ за организацијата на еден ваков настан и честитки до сите добитници на награди. Голема благодарност до луѓето кои гласаа за мене и до сите кои се грижат за нашиот клуб, до спонзорите, до моето семејство и секако до моите кошаркарки без кои не би ги постигнал овие резултати. Оваа награда за мене претставува голема чест и задоволство, но и обврска да продолжам да работам уште подобро.“ – изјави Ѓоровиќ на доделувањето на наградите.

Комплетната листата на наградени можете да ја видите на следниов ЛИНК

Извор: КFSM.mk/Strugaonline

Facebook Коментари