Мерко: Шест платформи на плажите на Охридското крајбрежје ќе се отстранат, останатите имаат одобрение

- Локални
184

Шест платформи на плажите на Охридското крајбрежје ќе се отстранат, додека останатите објекти имааат одобрение.-изјави денеска градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

Во работна посета на Струга е Првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби кој заедно со Мерко и со министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска врши  увид на платформите на Охридското Езеро.  Од кабинетот на Груби соопштија дека посетата е во рамки на зелената агенда.

,,Им благодарам на сите иматели на платформи на крајбрежјето, во разговори со сите чинители се договоривме ние да не бидеме „црна овца“, туку да се солидаризираат со колегите од Охрид, за Струга, Република Македонија да не го загуби статусот на УНЕСКО, туку да се доближиме до УНЕСКО, да се инвестира уште повеќе во ова крајбрежје. Чекаме фидбек од државата и Комисијата на УНЕСКО да ни даде план за подобар развој, да имаме план за одржување на трската, која од 50 хектари сега има 300 хектари трска, за уште повеќе да го развиеме градот. Сите шест платформи за кратко време ќе се тргнат, вклучувајќи ја и онаа на Женска плажа. Самите газди ќе ги отстранат, а ако им треба помош, општината е тука,.“- изјави Мерко.

Facebook Коментари