Миодраг Шуминоски е нов претседател на Месна заедница-Луково

- Локални
677

Во организација на Одделението за соработка со месни заедници при Општина Струга, а со масовен одзив на граѓаните на село Луково, избран е нов Совет и нов претседател на месната заедница во селото.

Претседател во наредните четири години ќе биде Г-дин Миодраг Шуминоски,  познат бизнисмен од селото кој беше избран едногласно. -информираат од Одделението за соработка со месни заедници при Општина Струга.

Од таму додаваат дека процесот на избор на претседател и совет на Месна заедница- Луково бил спроведен со строго почитување на сите мерки и препораки за заштита од вирусот КОВИД 19.

Strugaonline

 

Facebook Коментари