Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина за влез во земјата мора да приложат негативен ПЦР тест

- Локални
453
Владата на Република Северна Македонија на 75-тата седница што се одржа вчера, донесе дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, со која од државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина при влез на граничен премин на територијата на Република Северна Македонија, ќе се бара задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од тест RT PCR SARS-CoV-2, направен 72 часа пред влез на територијата на нашата земја и да приложат пополнета изјава со лични податоци за местото на престојување и временскиот период на престојот. Одлуката стапува на сила од денеска, 9 јули.
Strugaonline

Facebook Коментари