МЈП „Проаква“ интензивно работи на отстранување на азбестните цевки на „Партизанска“

- Локални
676

МЈП „Проаква“ Струга со полн интензитет работи на  отстранување на азбестните цевки на ул. Партизанска. со максимална поддршка од Општина Струга.

Од претпријатието информираат дека интензитетот на работа е зголемен во овој период  со цел оваа фаза да се заврши пред почетокот на летната сезона за да не се предизвикуваат проблеми во сообраќајот во месеците кога ќе има најголем број на возила.


„Бараме од граѓаните и од тие што вршат дејност на територијата на Општина Струга да имаат разбирање за нашата работа за да бидеме поефикасни и да завршиме  во што е можно пократок рок.“ – апелираат од МЈП Проаква.

Градоначалникот на Општина Струга, Рамис Мерко во февруари годинава најави дека ова е е еден од најзначајните проекти во Струга, што има за цел да ги замени старите азбест цевки во сите области на општина Струга со нови PVC цевки со капацитет два пати поголем од старите, кои како што рече,  не биле воопшто  сменети последните четриесет  години.

Strugaonline

Facebook Коментари